(Видео) Судир меѓу полицијата и демонстрантите на протестот во Милано против Зимските олимписки игри

Повеќе лица се уапсени на протестот во Милано против одржувањето на Зимските олимписки игри, откако дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата. Протестниот марш кој започна како мирна прошетка, ескалираше кога група од стотина учесници почна да фрла факели и шишиња кон полицијата, пренесуваат дел од медиумите.

Полицијата возврати со употреба на водени топови и солзавец за растерување на толпата.

Учесниците на протестот со транспаренти порачаа дека се противат на одржувањето на Олимписките игри, обвинувајќи дека се зголемени економските трошоци, цените на становит , недостатокот на социјални простори во Милано, како и уништувањето на природата.

Протести во Милано се одржаа и вчера за време на отворањето на Зимските олимписки игри.

Демонстрантите маршираа против присуството на агенти на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) во Италија, а собраните на чело на колоната носеа транспарент на кој пишуваше „Милано ве мрази“.

Извор: 360stepeni.mk

Back to top button
Close