Насилник од Свети Николе им извадил нож на синовите

Вчеравечер е уапсен 65-годишен жител на Свети Николе, кој пијан ги нападнал двајцата синови и им се заканувал со нож, соопшти МВР.

„На 07.02.2026 во 22:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 65-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговите два сина, а и физички го нападнал едниот син.

Констатирано е дека 65-годишникот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Back to top button
Close