Штипјанецот Стојанче Зарков доби казна доживотен затвор за убиството на мајка си

Штипјанецот Стојанче Зарков доби казна доживотен затвор затоа што во август минатата година, во алкохолизирана состојба, ја уби својата 84-годишна мајка.
Зарков на судењето тврдеше дека не се сеќава дека ја убил мајка си.
Рече дека тој ден ги извршувал секојдневните обврски.
Потоа рече дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика. Влегол кај неа и видел дека од вратот и тече крв.
Повикал брза помош, а потоа дошле полиција и јавен обвинител.
Сепак, според доказите, Зарков се јавил во итна медицинска помош и рекол: Jа прободев не сакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема.
ДНК анализата докажа дека Стојанче е убиецот.






