Видео: Пивоваров: Снимката на Трендафилов со неговите деца наликува на „работа“ на безбедносните служби

Снимката која ја објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на која се гледа лидерот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов заедно со неговите деца, е професионална и индицира на работа на безбедносните служби, смета поранешниот шеф на военото разузнавање и професор по безбедност Владимир Пивоваров.
Тој во изјава за Рацин.мк вели дека снимката дефинитивно не е аматерска, на што според него укажуваат редица знаци: снимено е од статив, со хоризонтален формат каков што ретко се гледа на снимките од телефоните. Потоа, снимката е апсолутно мирна, а видеото има голема јаснотија и контраст, што исто така укажува на тоа дека снимателот е професионалец, вели Пивоваров.






