Рашиди од АА до СДСМ и ДУИ: Не се обидувајте да купувате пратеници од опозицијата во албанскиот блок

Пратеникот на Алијансата за Албанците излезе со обвинувања дека владејачките партии се обидуваат да го прошират тенкото мнозинство со пратеници од коалицијата на АА и Алтернатива

Сурија Рашиди, пратеникот на Алијансата за Албанците, обвини вечерва од собраниската говорница дека владејачките СДСМ и ДУИ се обидуваат „да купат“ пратеници од опозицискиот коалиција на Албанците во парламентот.

Како причина за тоа го наведе тенкото мнозинство од 62 пратеници за поддршка на новата Влада.

Пратеници од мнозинството не се јавија за контрареплика на репликата на Рашиди по обраќањето на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Не се обидувајте, како што се обидувате, да придобиете пратеници од опозицијата во албанскиот блок. На крајот можете да одговарате за настојување за купување пратеници и за изигрување на гласачката војла. Потсетете се како дојдовте на власт во 2017 година. СДСМ тогаш не беше победник на изборите, ама дојде на власт поради криминалите на Никола Груевски и на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, рече Рашиди, алудираји на тоа дека и Алијансата беше дел од владата што беше избрана во 2017 година, а која, исто така, почна со поддршка од 62 пратеници.

Back to top button
Close