(ВИДЕО) Сведок на трагедијата во Сараево: Трамвајот немаше контрола, возачот не е виновен, мавташе со рацете и ѕвонеше

Додека возачот Аднан Касаповиќ тврди дека несреќата не била негова вина, туку поради влијанието на техничките дефекти, обвинителот Един Шарчевиќ, рече дека трамвајот бил технички исправен и дека се поблиску до заклучокот дека човечкиот фактор е одговорен за несреќата.

Тој го пренесе мислењето на вештакот дека „ништо поврзано со електричната енергија не се случило во трамвајот“, и додаде дека дури и да се случело, возачот можел да ја исклучи електричната енергија.

Сепак, Лејла Фејзиќ, сведок на ужасната трамвајска несреќа, зборуваше на Face TV за своето искуство.

Фејзиќ вели дека била на трамвајската станица во времето на трагичната несреќа. Вели дека возачот мавтал со рацете и го ѕвонел со ѕвончето за да се тргнат од патот.

„Отидов на работа. Стоев на станицата каде што бевме сите заедно. Трамвајот одеше толку брзо… Возачот мавташе, предупредувајќи нè дека нешто се случува. Даваше знаци дека нешто не е во ред. Мавташе со рацете. На станицата бевме околу седум или осуммина. Трчав преку станицата. Слушнав како некој почна да вика: „Бегај“. Мислев дека сите избегавме. Кога се вратив дома и слушнав што се случило, бев шокирана. Сè уште сум во шок. Не можам да верувам дека ја видов смртта со свои очи. Сигурна сум дека не е возачот виновен. Трамвајот немаше контрола“, рече Фејзиќ.

Таа додаде дека е можно Ердоан (23-годишникот кој загина во несреќата) да имал слушалки во ушите и да не ги слушнал предупредувањата

Back to top button
Close