Владимир Панчевски дисквалификуван од трката за државен јавен обвинител

t

Советот утврди дека кандидатот Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за јавно обвинителство.

Имено, согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право. Во конкретниот случај, на кандидатот му престанала функцијата пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија ниту јавен обвинител. Оттука, тој стаж не може да се смета за непрекинат стаж од областа на кривичното право во смисла на законот, рече Маријана Илиеска.

Со оглед на наведеното, Советот смета дека кандидатот не ги исполнува законските услови и не треба да биде ставен на листата на кандидати за кои ќе се гласа.

Back to top button
Close