Запленети четири тони кокаин од подморница во близина на мексиканскиот брег

Мексиканската морнарица заплени четири тони кокаин од подморница која пловела во близина на западниот брег на земјата, при што се уапсени три лица, соопшти денеска мексиканскиот министер за безбедност и заштита на граѓаните, Омар Гарсија Харфуч.

– Во текот на последната недела, во поморските операции се запленети речиси 10 тони од оваа дрога. Тоа претставува директен и мултимилионски удар врз финансиските структури на организираниот криминал, и на тој начин е спречено милиони дози да стигнат до улиците“, напиша Гарсија Харфуч на X.

Дрогата била спакувана во 179 пакети, а со акцијата за заплена раководел Секретаријатот на морнарицата во Манзаниљо.

Back to top button
Close