МВР потврди дека опожарениот џип во Струмица бил на екс полициски инспектор

Два автомобили се запалени во Струмица, а во настанот нема повредени лица, информираат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“. Едно од возилата, „ланд ровер“ е сопственост на поранешен инспкетор во СВР Струмица.
Од МВР соопштуваат дека на вчера во СВР Струмица било пријавено дека во периодот од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на Н.М. (51) од Струмица, како и на патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на В.Т. (53) од Струмица.
Возилата биле паркирани на паркинг-простор пред зграда на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица, а повредени лица нема.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршиле инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






