Тепачки во Кисела Вода и во Центар пред ресторан

Две одделни физички пресметки биле пријавени во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 22 февруари 2026 година, во 01.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.В. (25) и С.Ќ. (23), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходно, на 21 февруари 2026 година, во 17.20 часот, во СВР Скопје, Г.В. (40) пријавил дека околу 12.00 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од М.И. (33), двајцата од Скопје. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close