(Видео) Го преплавија теренот со мечиња: Спорт и солидарност во салата во Куманово

Screenshot

Кошаркарите на Куманово беа поразени од МЗТ Скопје со резултат 56-72 во натпревар од лигашкиот дел на сезоната, но спортскиот исход остана во сенка на хуманата акција што ја одбележа вечерта.

По завршувањето на натпреварот, теренот беше преплавен со плишани мечиња кои навивачите ги донесоа во рамки на најавената акција. На даден знак од трибините, десетици мечиња беа фрлени на паркетот, по што беа собрани и ќе бидат донирани на деца од ранливи категории.

И покрај неуспехот на теренот, глетката од салата испрати порака дека спортот може да биде и простор за солидарност и заедништво, надвор од резултатите и табелите.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close