(ВИДЕО) Пет возила се судрија на автопатот „Штип-Миладиновци“, делови расфрлани по коловозот
Сообраќајна несреќа се случи на автопатот Штип-Миладиновци, помеѓу повеќе возила. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, а возилата имаат значителни оштетувања. Засега нема информации за состојбата на возачите и патниците.

Според првичните информации од „М-нет“ се судриле автомобили марка „Опел“, „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, а подолу се судриле две возила „сеат“ со скопски ознаки како и „голф“.
Повеќе информации се очекуваат подоцна од МВР





