Радев: Би сакале да ја видиме Македонија што е можно поскоро во ЕУ
Државите од Западниот Балкан чекаат со децении и спроведуваат тешки реформи во економијата, администрацијата и владеењето на правото. Не треба да заборавиме и на нив, додека фокусот ни е врз Украина поради воените дејствија – вели поранешниот бугарски претседател Румен Радев во интервју за германскиот весник Berliner Zeitung.

Избрзувањето ризикува да ги поткопа европските принципи, а Украина сè уште има многу работа за да ги исполни неопходните критериуми за членство во ЕУ, додава Радев во однос на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан и Украина.
Во однос конкретно за С. Македонија, Радев е дециден дека преговорите за земјата со ЕУ можат да почнат по внесувањето на Бугарите во Уставот.
„Согласно Европскиот консензус од јули 2022 г., РСМ треба да го промени својот устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите државотворни народи и дури тогаш преговорите за членство во ЕУ можат да започнат. Тоа е тежок, но неопходен процес и би сакале да ја видиме РСМ што е можно поскоро во ЕУ. Не сакаме граници и гранични премини, туку сакаме луѓето од двете страни на границата да можат да живеат, работат и комуницираат слободно заедно“, вели Радев во интервјуто за Berliner Zeitung.






