Трамп: Одлуката на Врховниот суд случајно ми даде повеќе ингеренции од претходно

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повторно го нападна Врховниот суд, кој минатата недела пресуди против неговата програма за царини. Тој најави дека ќе преземе други ингеренции за царините и за „дозволите“, но не наведе детали.
Трамп во објава на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ наведе дека Врховниот суд „случајно“ му даде повеќе ингеренции од претходно, а минато неделната одлука ја оцени како „смешна“ и „глупа“.
Тој тврди дека може да ги користи „дозволите“ за да спроведе мерки против државите, посебно за тие кои со „децении ги ограбуваат“ САД. Во исто време се пожали дека според пресудата од Врховниот суд не може да ги наплаќа дозволите, иако „сите дозволи имаат надомест“.
Трамп сите судии ги нарече неспособни и им порача да се засрамат.
Тој истакна дека без оглед на одлуките на Врховниот суд ќе продолжи да ја работи својата работа, а на крајот на објавата напиша „Да ја направиме Америка повторно голема






