Евростат: Македонија прва на Балканот и втора во Европа по договори на определено време

Европската статистичка агенција (Евростат) објави податоци за бројот на договори на определено време што ги нудат земјите од Европската Унија, како и низ цела Европа. За ова истражување беа земени предвид сите граѓани на возраст од 20 до 64 години, а беа вклучени и сите привремени вработувања на лица со договори на определено време или други договори со ограничено времетраење на договорот.
Статистиката покажа дека во 2024 година, 13,3 проценти од договорите на определено време се регистрирани во Шпанија, 13,5 проценти во Португалија, додека Холандија беше лидер со 18,9 проценти од договорите на определено време, објавува „Локално“.
Статистиката ги вклучува и земјите што не се членки на Европската Унија. На Балканот, во контекст на договорите на определено време, Северна Македонија е лидер со 15,6 проценти од ваквите договори.
Потоа следуваат Србија со 15,2 проценти и Босна и Херцеговина со 9,6 проценти од ваквите регистрирани договори.
Од друга страна, европските земји со најмал број вакви договори се Латвија со 1,8 проценти, Романија со 1,5 проценти и Литванија на прво место со 1,4 проценти привремени договори.






