СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што со месеци зборува СДСМ, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста.

Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот.

Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор.

Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?

Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му де одредува куќен притвор.

На кого уште не му е јасно ова сценарио?

Ништо не е случајно.  Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената.

Центар за комуникации на СДСМ

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close