Макрон вели дека четири години по почетокот на инвазијата на Украина, Русија не успеала „воено, економски и стратешки“

Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека четири години по почетокот на инвазијата на Украина, Русија не успеала „воено, економски и стратешки“.

„Го зајакна НАТО, чие проширување сакаше да го избегне, ги обедини Европејците, кои сакаше да ги ослабне, и ја разоткри нестабилноста на империјализмот од друга ера. Украина е „првата линија на одбрана на нашиот континент“ и Европа ќе остане на нејзина страна, објави Макрон на Икс.

 

Тој увери дека снабдувањето со воена опрема и обука ќе продолжи „за да може Украина да издржи и за да може Русија да разбере дека времето не е на нејзина страна“.

 

„До оние кои сакаат да можат да сметаат на нашиот замор: тие лажат“, објави рече Макрон, ветувајќи дека ќе продолжат со мерките против руската економија во воено време.

 

Дваесет и седумте земји од ЕУ не успеаја да се договорат за нови санкции против Москва поради унгарското вето, кое исто така го блокираше усвојувањето на заем од 90 милијарди евра за Украина, за кој лидерите на ЕУ се согласија во декември.

Макрон денеска посочи дека ништо не го оправдува „доведувањето во прашање“ на овој проект. Тој додаде дека ќе се погрижи „европските интереси да бидат земени предвид во дискусиите“ за враќање на мирот во Украина.

Back to top button
Close