За малку марихуана – затвор, за многу – парични казни
Прекршителите во лиценцираниот бизнис со канабис поминуваат со поблаги казни
Во 2024 година, струмичанец продал два грама марихуана за 500 денари. Судот го осудил со условна затворска казна за неовластена продажба на дрога. Истата година, три години затвор добил кумановец, кај кого полицијата пронашла 42 грама канабис и дигитална вага. И тој бил казнет за кривичното дело неовластено производство и пуштање во употреба на дрога, пренесува Бирн.

Судската база е преполна со вакви пресуди за производители и продавачи на помали количества дрога. Но, во лиценцираниот бизнис за канабис, пак, пронајдовме само неколку пресуди за прекршување на Законот за контрола на опојни дроги.
Во него има пропишано многу повеќе парични отколку затворски казни.
Пресудите што ги анализиравме покажуваат дека кога лиценцираните производители на канабис за медицински цели го кршат законот, претежно добиваат условни и парични казни. На пример, за непријавен недостиг од 40 килограми цвет од канбис, директор на фирмата добил условна, а фирмата – парична казна.
Казнената политика го отвора прашањето дали судската пракса е построга кон поединци отколку кон лиценцираните компании за канабис.
…





