Можен е договор помеѓу Иран и САД, само ако фокусот биде на нуклеарното оружје

Советникот на иранскиот ајатолах Али Шамкани денеска дека е можен договор со САД доколку преговорите се насочат само на обврската на Техеран да не развива нуклеарно оружје.

– Доколку главното прашање на преговорите е да се спречи Иран да произведува нуклеарно оружје, што е во согласност со фатвата на врховниот лидер и одбранбената доктрина на Иран, постигнувањето договор е на дофат, објави Шамкани на платформата Икс.

Тој додаде дека иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, кој ги води преговорите во Женева во име на Техеран, има „доволна поддршка и авторитет за да обезбеди таков договор“.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи претходно издаде религиозен декрет, со кој се забранува развојот на нуклеарно оружје, на што Техеран се повикува во меѓународните разговори за неговата нуклеарна програма.

Back to top button
Close