Захарова: Евентуалното разместување британска војска во Украина ќе ја продолжи војната
„И Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на британски трупи во Украина нема да го заврши конфликтот, туку ќе ја продолжи војната, објавија британските медиуми.

Франција и Велика Британија минатиот месец потпишаа декларација за намера за идно распоредување на мултинационални сили во Украина откако ќе се договори прекин на огнот со Русија.
Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, неодамна изјави дека би сакал да биде првиот британски министер за одбрана што ќе испрати трупи во Украина.
„И покрај заблудата на Хили, распоредувањето на британски трупи во Украина нема да значи крај на војната, туку продолжување на конфликтот и зголемување на ризиците од воен судир од големи размери во кој ќе бидат вклучени многу повеќе земји“, нагласи Захарова.
Таа, исто така, повторно предупреди дека Русија ќе ги смета сите странски трупи во Украина за легитимни цели.
„Британците продолжуваат да покажуваат активен интерес за зачувување на изворот на нестабилност во нашиот регион. Тие на секој начин спречуваат долгорочно и одржливо решавање на кризата“, додаде Захарова.






