Ќе му се суди на бившиот грчки министер Варуфакис откако кажа дека пробал дрога пред 37 години


Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, ќе оди на судење откако беше обвинет за промовирање на користење дроги, објави неговата партија МеРА25. Варуфакис, кој беше премиер за време на финансиската криза во 2015 и останува миленик на европската левица, треба да се појави во суд во декември.
Обвинувањата против него се поврзани со коментарите во еден подкаст, кога призна дека пробал дроги на фестивал во Австралија пред 37 години.

„Не сакам да звучам како Бил Клинтон, кој рече дека пробал, но не вдишувал. Јас пушев марихуана и еднаш пробав екстази на фестивал во Сиднеј во 1989. Иако искуството во прв момент ми беше пријатно, потоа имав главоболки цела недела, поради што никогаш не зедов пак“, кажа Варуфакис во подкастот.

Тој рече дека ја раскажал анегдотата за да ги нагласи ризиците од користење дрога, додавајќи дека за зависноста се плаќа висока цена и таа значи крај на слободата.

Ако биде прогласен за виновен, Варуфакис може да добие најмалку шест месеци затвор и парична казна од 500 до 50.000 евра.

Back to top button
Close