(ВИДЕО) 18 месечно дете падна од 33 метри височина – преживеа без посериозни повреди

Моменти на агонија се случија во Санкт Петербург, кога 18-месечно дете падна од висина од 33 метри, а две медицински сестри го спасија фаќајќи го во капут како импровизирана мрежа за безбедност.

На видеото снимено од очевидците, може да се види како детето го отвора прозорецот и стои на работ.


Секунди подоцна, детето падна, но успеа да преживее благодарение на храбрите жени.

Според локалните медиуми, детето е пренесено во болница каде што е утврдено дека, и покрај големата висина од кое паднало, не се здобило со сериозни повреди.

„Дејствувавме инстинктивно. Не знаевме како да се однесуваме во таква ситуација“, рече медицинската сестра, Ана Камасова.

„Тој стоеше таму, отворајќи го и затворајќи го прозорецот одново и одново. Јас стоев веднаш под прозорецот. Друга жена ми пријде и ме праша: „Ќе го фатиме ли?“ Јас реков: „Ајде“, рече таа.

Сведоците рекоа дека малото дете се обидувало да отвори прозорец на горниот кат без надзор. Се вели дека неговите родители биле на гости кај соседите во времето на инцидентот, додека неговиот 18-годишен брат бил дома, играјќи видео игра во другата соба.

Според истите информации, прозорецот што го отворило детето немал безбедносна брава.

Back to top button
Close