Саудиска Арабија и Катар се обидуваат да посредуваат помеѓу Исламабад и Кабул

Саудиска Арабија и Катар ги интензивираат дипломатските контакти за завршување на судирите помеѓу Пакистан и Авганистан, изјави неименуван извор.
– Саудиска Арабија во координација со Катар се обидува да ги намали тензиите помеѓу Пакистан и Авганистан со цел да ја смири ситуацијата и да спречи нејзина ескалација. Ријад и Доха одржуваат контакти на највисоко ниво со двете земји и се надеваме дека оваа конфронтација ќе заврши што е можно поскоро, истакна тој.
Авганистанскиот министер за надворешни работи Маулави Амир Кан Мутаки денеска телефонски разговарал со главниот преговарач на Катар, Мохамед ал-Хулаифи, додека шефот на саудиската дипломатија, принцот Фајсал бин Фархан разговарал со пакистански колега Ишак Дар.
Пакистан денеска бомбардираше неколку авганистански градови, меѓу кои и Кабул, како одговор на вчерашната авганистанската офанзива.
Спорадичните судири помеѓу Пакистан и Авганистан почнаа откако талибанците ја вратија контролата врз Кабул во август 2021 година. Исламабад ги обвинува авганистанските талибанци дека пружат засолниште на вооружени групи кои извршуваат напади врз пакистанска територија, а Кабул негира. Одговорноста за повеќето напади ја презеде движењето на пакистанските талибанци Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП), кое се придржува до истата идеологија како и авганистанските талибанци.
По борбите во октомври во кои загинаа 70 лица од двете страни, границата помеѓу Пакистан и Авганистан во голема мера затворена. Краткиот прекин на огнот, потврден на 19 октомври минатата година, беше прогласен за неважечки девет дена подоцна од Исламабад, кој го обвини Авганистан за нападите извршени од ТТП.






