Аргентински тенисер доби речиси седумгодишна суспензија за местење натпревари

Аргентинскиот тенисер Леонардо Абојан е суспендиран шест години и девет месеци откако призна вмешаност во местење натпревари, во периодот од 2018 до 2025 година, соопшти денеска Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA).
Покрај суспензијата, на 27-годишниот Абојан му е изречена и парична казна од 40.000 долари, од кои 25.000 долари условно.
Абојан, чиј највисок рејтинг на АТП листата беше 229. место, признал дека наместил осум од неговите натпревари во сингл и двојки на турнири од пониско ниво на ITF World Tennis Tour и ATP Challenger.
„Тенисерот се изјасни за виновен по сите обвиненија, вклучувајќи и дека примал пари за намерно да ги загуби натпреварите“, соопшти ITIA.
Забраната почнува ретроактивно од неговата привремена суспензија на 19 септември 2025 година и ќе биде на сила до 18 јуни 2032 година.ег

Back to top button
Close