(ВИДЕО) Во нападите во Иран е погодено училиште, најмалку 60 мртви
Најмалку 60 лица, вклучувајќи ученички, се убиени, а 63 повредени во израелски напад врз женско основно училиште во јужниот ирански град Минаб јави иранскиот државен радиодифузер IRIB, повикувајќи се на локален функционер од покраината Хормозган, при што известува дека училиштето било директно погодено. Засега нема повеќе детали за нападот, пишува Anadolu Agency (AA).
ISRAEL TARGETS SCHOOL, KlLLS 36
Iran’s IRNA news agency reports 36 female students were kiIIed in a joint Israeli-US strike in Hormozgan southern Iran.
Israel ALWAYS does this. They ALWAYS kiII civiIians. Iran doesn’t. Yet Israel acts like the victim.pic.twitter.com/EpQhgDZeMI
— ADAM (@AdameMedia) February 28, 2026
Иранската новинска агенција ИРНА известува дека 36 ученички биле убиени во заеднички израелско-американски напад во Хормозган, јужен Иран.
Денеска започна поширока воена операција на САД и Израел против Иран. Официјалната цел на нападот беше да се елиминира заканата што ја претставува иранскиот режим. Во одделни видео пораки, американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навестија дека ја поддржуваат промената на владата во Техеран.
Иран ги осуди нападите како кршење на суверенитетот, вети одговор и започна контранапади. Ескалацијата доаѓа во чувствително време, додека Оман посредува во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за нуклеарната програма на Иран. Последната рунда преговори се одржа во Женева овој четврток






