Пазарите очекуваат „нафтен шок“ од американско-израелскиот напад врз Иран штом берзите се отворат во понеделник

Израел и САД рано утрово започнаа напад врз Иран, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е дел од „масовна операција“ насочена кон „срамнување со земја на иранската ракетна индустрија“, па поради тоа пазарите очекуваат остар скок на цените на нафтата штом берзите повторно се отворат во понеделник.

Тоа би било поради тоа што Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта, практично стана воена зона, пишува специјализираниот портал OilPrice.com.

Цените на нафтата растат со недели поради зголемените геополитички тензии, но се очекува денешната воена акција да ги крене на уште повисоки ниво.

Само во петокот, цените на референтната сурова нафта „WTI“ и „Brent“ пораснаа за речиси три процентни поени откако состанокот меѓу Иран и САД во Швајцарија не оначи никаков напредок во преговорите.

Иран е трет најголем производител во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), и обезбедува околу 4,5 проценти од глобалната потреба за нафта.

 

Производството на Иран се проценува на околу 3,3 милиони барели дневно сурова нафта, рафинериите таму имаат капацитет од 2,6 милиони барели дневно, според податоците од консултантската фирма FGE. Оваа земја извезува 90 проценти од својата сурова нафта преку островот Харг, односно ја транспортира преку Теснецот.

Главни купувачи на иранска нафта се кинеските компании.

Трамп напиша на мрежата „Truth Social“ дека целта е да се одбранат САД со „елиминирање на непосредните закани од иранскиот режим“ и го повика народот на Иран да ја преземе власта.

Back to top button
Close