Нетанјаху: „Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во обраќање до иранскиот народ изјави дека постојат „многу знаци“ кои покажуваат врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, повеќе не е жив, но за тоа не понуди докази.

Нетанјаху ги повика Иранците масовно да излезат на улиците, оценувајќи дека имаат „прилика каква што се случува еднаш во генерација“ да го соборат режимот.

„Излезете масовно на улиците и завршете ја работата. Време е да се обедините во историска мисија“, порача тој, додавајќи дека израелските удари ќе им помогнат да се „ослободат од тиранијата“.

Израелскиот премиер најави дека операцијата ќе продолжи онолку долго колку што е потребно и повика на трпение, оценувајќи дека војната на крај ќе доведе до „вистински мир“.

Од друга страна, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека врховниот лидер и претседателот се живи и безбедни, по информациите за напад врз комплекс во Техеран.

„Сите се безбедни и неповредени“, изјави портпаролот, додавајќи дека дел од иранските команданти загинале, но дека вооружените сили преземаат неопходни мерки за одбрана на земјата.

Претходно, иранскиот министер за надворешни работи за американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си њуз изјави дека, според неговите информации, Хаменеи е жив.

Back to top button
Close