Американските амбасади на удар од гневни демонстранти во Карачи и Багдад

Стотици проирански демонстранти се обидоа да упаднат во конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, јавија светските агенции. Притоа најмалку осум лица загинаа.
„Пренесовме најмалку осум тела во граѓанските болници во Карачи, додека 20 други беа повредени во инцидентот кај конзулатот“, рекол Мухамед Амин, портпарол на спасувачката служба на фондацијата „Еди“ (Edhi Foundation), додавајќи дека повеќето имале прострелни рани.
Толпа млади луѓе се искачиле преку главната капија и стигнале до приодот на зградата на конзулатот, кршејќи неколку прозорци.Полицијата употребила солзавец кон демонстрантите, кои се разотишле.
Демонстранти имаше и во ирачкиот главен град Багдад кои се обидоа да влезат во владиниот кварт кој е под силно обезбедување, каде што се наоѓа американската амбасада, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.
Според очевидци, стотици луѓе се собрале на протест на влезот во таканаречената „Зелена зона“. Безбедносните сили насилно ја растерале толпата, пренесе ДПА.
Демонстрантите се обиделе да ги пробијат безбедносните бариери за да стигнат до американската амбасада во рамките на Зелената зона.
Очевидци изјавија дека безбедносните сили користеле палки, вистинска муниција, солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите.
Извор: fokus.mk






