Политико: Според Нетанјаху хаосот во Иран по смртта на Хамнеи би бил од корист за Израел

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху смета дека политичкиот хаос и нестабилност во Иран, по смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, би можеле да бидат во корист на израелските интереси, дури и ако во Техеран не се воспостави пријателски режим, истакнуваат аналитичарите.

– Нетанјаху со години беше главниот иницијатор на воените акции и саботажи против нуклеарната програма на Иран и неговите верски власти, но, сега по смртта на Хамнеи, тој е поблиску до остварување на својата најголема политичка амбиција – неутрализирање на иранската закана, наведува бриселскиот портал Политико.

Според порталот, израелскиот план „за денот потоа“ во голема мера се потпира на среќата и храброста на милиони Иранци.

Нетанјаху во саботата вечерта ги повика Иранците да се „ослободат од тиранијата“ и да ја искористат можноста и да ја соборат диктатурата. Иста стратегија има и американскиот претседател Доналд Трамп, Иранците сами да си ја вратат земјата.

Според поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт, Нетанјаху и Трамп не претставиле план туку само оптимизам.

Биби сакаше војна, а Трамп сакаше да направи нешто исклучително. Но, не гледам никаков план освен надеж за уривање на власта, посочи Олмерт за Политико.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close