Српската влада дава милион евра на епархија што му додели орден „новомаченик“ на Александар Вучиќ

Владата на Србија одобри 118 милиони динари, односно околу еден милион евра, на име грант за Православната епархија Бихаќско-Петровачка во БиХ. Епископот на таа епархија Сергије му го додели минатиот месец Орденот на новомаченик на српскиот претседател Александар Вучиќ.

 EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Средствата се доделени на епархијата „со цел обезбедување финансиска помош“, според одлуката на Владата на Србија, која ја потпиша премиерот Ѓуро Мацут.

Парите се доделени од буџетските резерви, како што се гледа во одлуката објавена во Службен весник.

Епископот Сергије му го додели орденот на Александар Вучиќ на 9 февруари „за добротворноста и големата љубов покажана кон таа епархија и манастирот Рмањ“.

Епископот Сергије е познат во јавноста по неговата силна поддршка за Вучиќ, додека ги напаѓа оние кои не се согласуваат со претседателот на Србија.

Во врска со студентските протести, тој во отворено писмо рече дека „во нив нема ништо студентско или српско“ и дека се управувани од „дувла на бандитите“.

 

Back to top button
Close