Погоден кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху

Иран утрово изведе ракетен напад во рамки на десетата фаза на операцијата „Право ветување 4“, при што беше погоден кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и резиденцијата на командантот на израелската авијација, соопшти Исламската револуционерна гарда (IRGC).

EFE/ABIR SULTAN / POOL

Во соопштението на IRGC се наведува дека цел на нападот биле и безбедносни и воени центри во Хафа, комплексот на израелската влада во Тел Авив, како и Источен Ерусалим. Револуционерната гарда го опиша нападот како „целосен и изненаден удар со ракети Хајбер“.

Израелската страна засега не дала официјален коментар, додека претходните, непотврдени информации за Нетанјаху како мртов, брзо беа повлечени. Постојат информации дека премиерот можеби се наоѓа на безбедна локација во Берлин, каде израелскиот државен авион беше итно пренесен.

Back to top button
Close