(ВИДЕО) Почнаа погребите на ученичките убиени во нападот кај училиштето во Иран
Во Иран започнаа погребите на ученичките кои загинаа во своите училници на првиот ден од американско-израелските бомбардирања на земјата. Според иранските официјални лица, најмалку 168 ученички загинале кога воздушните удари на САД и Израел во саботата наутро погодиле основно училиште за девојчиња во јужниот град Минaб.
تشییع پیکرهای پاک و مطهر کودکان میناب که در بمباران #آمریکایی_اسرائیلی ترور شدند.
در تاریخ آمریکا هرگز این قتل عام دست جمعی کودکان ایرانی فراموش نخواهد شد. pic.twitter.com/epiPSqfYbn— Saghi (@BBSS_2009) March 3, 2026
Според иранската државна телевизија IRIB, голем број луѓе утринава ги пополниле улиците на Минaб, собирајќи се пред главниот плоштад. Насобраните граѓани носеле слики од убиените девојчиња и скандирале пароли. Полуофицијалната новинска агенција Тасним пренесува дека мајката на една од ученичките го критикувала претседателот Доналд Трамп, нарекувајќи ги неговите постапки „лудачки“.
Училиштето се наоѓа околу 60 метри од иранска воена база. На прашањето за нападот, портпаролот на американското Централно командување соопштил дека „се запознаени со извештаите и ги истражуваат“.






