10-годишно дете загина по пад од балкон во Тетово
Тежок инцидент го потресе Тетово денес, каде што 10-годишно момче трагично го загуби животот откако падна од балконот на стан на Индустриска улица.

Според првичните информации, детето паднало од значителна висина, а повредите биле фатални. Медицинските екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, но успеале само да констатираат смрт.
Полицијата и обвинителството се на терен за да спроведат истраги и да ги разјаснат сите околности за тоа како се случила оваа фатална несреќа.






