Со автомобил прегазена 59 годишна жена од село Злетово – почина на лице место

МВР информира дека вчера попладне во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул. „Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с. Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с. Злетово, пробиштипско.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип

Back to top button
Close