„Најдовме дрога кај војник“: Се огласија од Армијата


На ден 12.02.2026, е спроведена акција од надлежните служби во Армијата, при што кај армиски припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина.

„По пронаоѓањето на сомнителната содржина, согласно процедурите во Армијата, случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што е известен дежурен јавен обвинител и лицето е лишено од слобода.

По целосното комплетирање на случајот против припадникот на Армијата е поведена соодветна постапка.

Како за овој случај, така и во иднина, Армијата со уште поголем интензитет ќе продолжи да презема мерки и активности за превенција и спречување на вакви појави.

Армијата е институција изградена врз принципите на професионалност, дисциплина и интегритет и нема место за лица кои со своето однесување го нарушуваат угледот на институцијата и ја дискредитираат со лични постапки. Секое несовесно и недолично однесување ќе биде санкционирано согласно важечките правила и процедури.

Дополнително, Ве информираме дека согласно принципите за транспарентност на Армијата, а по барање на одредени медиуми, јавноста на ден 17.02.2026 беше информирана за наведениот случај“, велат од Армијата.

Back to top button
Close