Стојанче Јовановски ја тепал Ивана пред детето во паркот во Ѓорче во декември – полицијата и ЦСР Скопје преспаа 45-дневна можност да спасат две души

Стојанче Јовановски, осомничен за наведување на самоубиство на сопругата Ивана Јовановска, која заедно со ќерката скокна од балкон на зграда во скопско Тафталиџе, во декември ја тепал мајката пред очите на детето, за „Слободен печат“ тврди Ивана Белчева, девојка која го пријавила настанот во полиција.

Белчева толку се вознемирила што самата го гушнала шестгодишното дете за да го заштити.

(…)

За тепањето среде бел ден во паркот во Ѓорче Петров, пред сведоци, на полицијата ѝ требале 45 дена за да го информира Центарот за социјални работи (ЦСР) Скопје за „прекршок против јавниот ред и мир“, како што извести ЦСР. Оттаму не кажуваат дали и тие ја испочитувале стандардната процедура за да го заштитат детето за кое имале сознанија дека е сведок на малтретирање на сопствената мајка. Процедурите налагаат да се изврши проценка на ризик, односно социјален работник и психолог ја испитуваат жртвата на претрпеното насилство, по што се должни да го проценат ризикот и за детето и за мајката.

Според ЦСР, МВР го пријавило насилството кај нив на 2 февруари годинава, иако тепањето се случило на 19 декември лани.

Повеќе

Back to top button
Close