Повторно плови мртва маса во Велешко езеро додека се чека некој да испита дали има цијанотоксини
Неколку дена откако градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, се пофали на социјалните мрежи дека езерото Младост е исчистено од наслаги и дека ревитализацијата на акумулацијата дава резултати, водата повторно е полна со мртва растителна маса која плови на површина, пишува Фокус.

Во заливот, на вливот на Отовичка река во езерото, повторно се појави мртвата растителна маса која плови на површината на водата. Засега количините се мали но се чини дека брзо се размножуваат. Тие директно доаѓаат од Отовичка река. На лице место, кај заливот, се шири смрдеа на фекалии. Отворени канализациони цевки има во речното корито на Отовичка, тврдат извори за Дума.мк.
При последното испитување на Центарот за јавно здравје во Велес, водата во Младост, според микробиолошките индикатори, е со лош квалитет, но останува истото предупредување дека водата од езерото не смее да се користи за капење, полевање и рекреација зашто на површината има пивтиеста маса и сунѓерести наслаги. Пред тоа е потребно да се испита дали има цијанотоксини.
…






