Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден

Три случаи на врсничко насилство во основни училишта биле пријавени вчера во СВР Куманово.

Првиот случај во СВР Куманово го пријавила триесет и едногодишната А.С. во 14:09 часот, посочувајќи дека во училишен двор на основно општинско училиште во Долно Којнаре, кумановско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

 

Во 12:45 часот во СВР Куманово, М.С.(33) од село Доброшане, кумановско, пријави дека на 27 февруари, околу 13:30 часот во основно општинско училиште во Куманово, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзини соученици.

 

Вчера во 12:45 часот во СВР Куманово, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека подолг период во основното училиште во Куманово, во кое учел нејзиниот 12-годишен син бил малтретиран од негов соученик.

 

-Според пријавеното, соученикот често го навредувал и се исмејувал на нејзиниот син, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата. Исто така, 35-годишната жена пријавила дека син ѝ го информирал педагогот во училиштето, но не било преземено ништо, ниту пак ја информирале неа. Над малолетникот биле извршени прегледи во кумановската болница и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија, соопшти полицијата.

СВР Куманово, презема мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close