Ако цената на нафтата се вивне „до небо“ Владата ќе интервенира во акцизата и даноците

Доколку цената на нафтата „експлодира“ на светските берзи во следниоте денови, Владата е подготвена да интервенира во делот од зафаќањата кои одат како приход на државата, за да го заштити стндардадот на граѓаните.

Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски од Штип како одговор како Македонија ќе се справува со последиците од војната на Блискиот Исток која предизвикува големи нестабилности и дисторзии на светските берзи првенствено на цената на енергенсите. Притисокот од ценовниот шок веќе се чувствува на глобално ниво, откако гасот поскапе неколкукратно на светски рамки , а дизел горивото во САД ја достигна највисоката во последните две години. „ Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, односно притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и на гасот, повеќе на нафтата. Можно е да има зголемување на цените, но во разговор со Министерството за финансии ќе реагираме, можеби со намалување на акцизите за да намалиме ударот врз стандардот на граѓаните изјави премиерот во Штип, најавувајќи дека државата може да има одредени економски предизвици како последица на војната меѓу Иран и САД и Израел. Што се однесува до безбедносната состојба Мицкоски ја оцени  како стабилна, но кажа дека може да има одредени предизвици на економски план, во однос на цената на нафтата.

„Мирна и стабилна е безбедносната состојба, не постои ризик за земјава. Имавме Совет за безбедност, направивме анализа, врз основа на информациите кои ги добивме од безбедносните служби, состојба е стабилна“, рече Мицкоски.

 

Back to top button
Close