ВИДЕО: Тошковски одби да одговори за Груби па се правдаше “Достапен сум ви, ми пишувате и среде ноќ”
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одби да одговори на новинарското прашање за тоа кога МВР направило безбедносна проценка и одлучиле Груби да добие домашен притвор,оти тоа не било сега тема на овој прес.

Кога новинарката потенцира дека немала кога да го праша, бидејќи во неколку прилики не бил достапен, тој одговори: „Како не сум достапен, ми праќате пораки на полноќ.“
Новинарката на Слободен печат, Фросина Факова Серафиновиќ прашува: На настан на кој министерот за внатрешни работи Панче Тошковски уверува дека системот ќе ги штити жените 24/7, на мое прашање за безбедносната проценка која ја направило МВР за Груби, Тошковски ме обвини дека сум му пишувала по полноќ, што не е точно и за што нормално има докази. Ако министерот вака се однесува со новинарки, како полицајците се однесуваат со жени?
Видеото од изјавата погледнете го тука






