Белата куќа: Разгледуваме потенцијални нови лидери за Иран
САД разгледуваат потенцијални лидери за Иран – изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, откако претседателот Доналд Трамп рече дека Вашингтон мора да учествува во изборот на следниот лидер на Иран.

„Нашите разузнавачки агенции и владата на Соединетите Американски Држави разгледуваат повеќе лица, но не можам да дадам дополнителни детали околу тоа“,рече Ливит во изјава за медиумите.
Американскиот претседател претходно рече дека мисли оти следниот лидер на Иран веројатно нема да биде синот на покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој се појави како фаворит по смртта на татко му кој беше убиен во воен напад на почетокот на војната.
„Претседателот со ова мисли дека кога тој, како врховен командант на вооружените сили на САД, ќе процени дека Иран повеќе не претставува закана за САД и дека целите на операцијата се целосно постигнати, Иран во суштина ќе биде во ситуација на безусловно предавање, без оглед на тоа дали ќе го признаат тоа или не“,вели Ливит.
Таа додаде дека американската воена кампања против Иран би можела да трае четири до шест недели и посочи дека САД имаат доволно залихи на оружје за да ги задоволат сите свои оперативни потреби во Иран.






