Кумашинка на Мицкоски седна во Управниот одбор на ЈП Паркови и зеленило

Изборот на 117 в.д. членови на Управните и на Надзорните одбори на јавните претпријатија во Скопје предизвика големи контроверзии.  Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, од советничката говорница рече дека тој ги познава лично кандидатите и дека тој гарантира за квалитетот за сите кандидати. Меѓу овие избрани членови има истакнати партиски функционери и роднини, а околу 20 имиња се поранешни членови на јавни претпријатија, кои не покажале добри резултати во своето работење, пишува фокус.мк.

Нови в.д. членови на управниот одбор на ЈП Паркови и зеленило – Скопје се Александар Шулев, Игор Алаџајков, Пане Антовски, Цветанка Игнева-Миќев, Александар Тишовски, Омер Ибраими и Весна Божиновска.

Името на Александар Шулев може да се најде на списоците на партиски донатори кои ВМРО-ДПМНЕ ги има објавено на својата официјална страница. Тој е сопруг на поранешната заменик-претседателка на ДКСК, Билјана Каракашова.

Членот на УО, Пане Антовски, бил кандидат за советничката листа на 31 место, но не влегол во Советот на Град Скопје и сега е награден со управувачко место во ЈП Паркови и зеленило-Скопје. Тој претходно беше координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.

Одлуки во ЈП Паркови и зеленило ќе носи и кумашинката на премиерот Христијан Мицкоски, Цветанка Игнева-Миќев. Таа е еден од донаторите во ВМРО-ДПМНЕ. Во 2019 година донирала 29.000 денари, а во 2021 дала 50.000 денари.

Медиумите пишуваа за скандалот со нејзиниот сопруг, Игор Миќев, во мај 2025 година кога тој бил унапреден на позицијата Државен советник за организација и кординација на подрачни единици во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. По интерниот оглас кој го распиша МЗШВ, најпогоден кандидат бил Миќев.

„Раководна позиција во истото Министерство си доби и неговата сопруга, Цветанка Игнева Миќев, која ќе биде помошник раководител на секторот за одобрување на проекти, но во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“, објави струмичката ТВ ВИС.

И в.д. членот на УО на ЈП Паркови и зеленило, Александар Тишовски е регистриран како донатор на ВМРО-ДПМНЕ за кампањата во 2016 година кога издвоил 26.000 денари.

За вршители на должноста во Јавното претпријатие Улици и патишта се избрани : Александар Георгиевски, Бобан Стојаноски, Милан Андоновски, Оливер Стојановски, Антонио Тошев, Мевљун Азиси и Драгољуб Ристовски.

Од овие членови најпознато е името на Милан Андоновски кој сега е претседател на Управниот одбор на Улици и Патишта. Тој работи во Директоратот за правни работи во Министерството за одбрана, а во 2013 година бил претседател на Советот на Општина Гази Баба.

Членот на УО, Антонио Тошев, бил дел од Управниот одбор на Градски паркинг во 2024 година.

Место во УО доби и Драгољуб Ристовски од Социјалистичката партија на Македонија. Тој неодамна беше повторно избран за претседател на општинската организација Ѓорче Петров.

„Драгољуб е симбол на искуство, мудрост и енергија која го движи Ѓорче напред! Со јасна стратегија, посветеност на терен и силна желба за споделување на знаењето со новите генерации-продолжуваме кон ново, модерно и посилно Скопје“, напишаа од СПМ на социјалните мрежи.

Нови в.д. членови на Управниот одбор на ЈСП Скопје се: Јадранка Тодорова, Садат Ќазими, Кире Јаневски, Златко Јанковски, Горан Антовски и Сања Симоновска Богоројческа.

Златко Јанковски е бивш советник на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и вработен во министерството за евроинтеграции, а бил и портпарол на министерството за култура.

Со Јавното претпријатие Градски паркинг-Скопје како в.д. ќе раководат Марјан Спасески, Ивана Петковска Џинговска, Нико Николоски, Ридван Мемеди, Боби Наумовски, Зоран Стојановски и Дејан Стојановиќ.

Марјан Спасески е поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, сега Министерство за спорт, а Ивана Петковска Џинговска е советник на министерот за земјоделство во одделението Кабинет на министерот – Сектор за координација и техничка помош.

Членот на УО, Дејан Стојановиќ е претседател на општинската организација на СПМ во Аеродром.

Во Управниот одбор на ЈП Лајка – Скопје за вршители на должноста се избрани Јулијана Златкоска, Љубомир Андреевски, Јусуф Муртезани, Игор Кралевски, Виктор Груев, Стојанче Донев и Емилија Ѓореска.

Јулијана Златкоска била претседател на Управниот одбор на ЈП Паркови и зеленило, а Игор Кралевски, бившиот фудбалски репрезентативец е активен во Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

За вршители на должноста членови на управниот одбор на ЈП Депонија Дрисла-Скопје се именуваат: Иван Цветановски, Даниел Ковачев, Нехат Османовски, Татјана Гогоска, Маријана Ѓорѓиевска и Катерина Лазареска.

Катерина Лазареска беше кандидат за советник во општина Кисела Вода на Движење ЗНАМ. Во 2024 година беше кандидат за пратеник во ИЕ1. Работи како референт за аеродромска безбедност во секторот за управување со безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје.

фокус.мк.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close