(ВИДЕО) Како е основана Големата ложа на Македонија и кои се македонските масони

„Трилинг“ има ексклузивно право да емитува дел од документарниот филм со исказите на основачите на Македонската регуларна масонерија. Бевме во единствениот и таинствен храм на Масоните.

Разговаравме со Големиот мајстор, најпочитуваниот, Марјан Герасимов.

„Во средината на деведесеттите беше евидентно дека нашата Република Македонија е една од ретките суверени држави во Европа каде сѐ уште нема легитимно организирана форма на регуларна слободна Масонерија“, вели Јованче Николовски, член на Големата Масонска Ложа.

Додава дека постојат многу претпостави и документирани сознанија и податоци од нашиве краишта.

„Сите тие слободни Масони биле иницирани и работеле во Ложи под јурисдикција на различни големи Ложи – српската, романската, италијанската“, вели Николовски.

Членот на Големата Ложа, Димитар Башевски, вели дека за жал, сложените појави во нашата историја, никогаш претходно не создале услови за формирање и воведување светло во автохтона и самостојна Голема Ложа.

„За нас неколкумината од иницијалната група кои бевме искрено импресионирани со безвременските вредности на слободната масонерија, можноста активно да започнеме пионерска мисија за нејзино регуларно воведување во нашата држава се постави како императивна задача и благородна цел“, вели Владимир Шукаров.

„Уште го памтам звукот на тогашниот старешина, на Ложата побратим, кој со беспрекорното водење на церемонијата, веднаш успеа да го нали нашето чувство на неизвесност, некоја тензија и возбуда“, вели Дејан Дуковски.

„На средбата на која отпатувавме јас и мојот Брат број 1 – Владимир Шукаров, се одржа на почетокот на 1998-та година се во Лондон“, вели Живко Груевски.

„Стекнав вистински масонски Браќа со висок етички капацитет, со кого континуирано ја споделувам Братската љубов“, изјави Славе Наумовски.

„Масонеријата во Македонија започна со првите 23-ца. Првите основоположници од лондонскиот клоп“, вели за Трилинг Марјан Бојаџиев.

„Слободната Масонерија е една од најстарите и најголеми глобални организации, со секуларен, неполитички, и добротворен карактер. Во современи услови тој е езотеричен иницијациски ред со граѓанско-правен фундамент и легитимитет, чија основна движечка идеја на делување е филантропска и длабоко хуманистичка“, вели за Трилинг, Големиот мајстор на Големата Масонска ложа на Македонија, најпочитуваниот, Марјан Герасимов.

Целосниот документарен филм погледнете во видеото.

Back to top button
Close