Осло: Засега без осомничени по синоќешната експлозија во американскиот дипломатски комплекс

Норвешките власти денеска интензивно трагаат по сторителите на експлозијата што се случи пред амбасадата на САД во главниот град Осло, јави ДПА.

– Станува збор за неприфатлив инцидент кој го сфаќаме многу сериозно – изјави министерката за правда Астри Ас-Хансен.

Според првичните наоди на истрагата, експлозијата одекнала кај еден од влезовите на амбасадата, и притоа нема повредени лица.

Од полицијата соопштија дека на местото на настанот интервенирале бројни екипи на итните служби.

На прес-конференцијата одржана попладнево, официјалните лица потврдија дека сè уште нема осомничени, но дека властите работат со сите расположиви капацитети на расветлување на случајот.

Back to top button
Close