Неутралната Швајцарија се огласи: Американско-израелските напади врз Иран се кршење на меѓународното право

Швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер оцени дека нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран претставуваат кршење на меѓународното право, пренесува Алџезира.

Во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагсцајтунг“, Пфистер изјави дека швајцарската влада смета дека нападот врз Иран ја прекршува забраната за употреба на сила, што е основен принцип на меѓународното право.

„Федералниот совет смета дека нападот врз Иран претставува кршење на меѓународното право. Според нашето мислење, тоа е прекршување на забраната за употреба на сила“, изјави Пфистер, повикувајќи ги сите страни да ги прекинат борбите со цел да се заштити цивилното население.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close