Барале евакуација па не се појавиле на аеродром – Муцунски со апел до македонските граѓани во ризичните подрачја
151 лице кои од Дубаи вчера вечер слетаа на Скопскиот аеродром, беа пречекани од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
Се очекува следниот авион да пристигне во вторник. Третиот лет е планиран за средината на неделата, но сѐ уште се чека да се утврди дали ќе има зголемен интерес кај македонските граѓани кои се наоѓаат во ризичните подрачја, а министерот апелира оние кои ќе се премислат за евакуација да јават навреме.
– Вкупно 14 граѓани кои требале да бидат на денешниот лет од Дубаи за Скопје до последен момент најавувале дека ќе дојдат, но не се појавиле на аеродромот. Ги повикуваме нашите државјани, кога одлучуваат да не ја користат оваа услуга, на евакуирање, да не информираат навреме за тоа. Среќа што бевме подготвени и што се ангажираше нашата Амбасада со листа на чекање, да ги пополниме тие 14 места со граѓани што требаше да бидат на летот во вторник. Замолувам и апелирам на максимална одговорност зашто се трошат буџетски средства. Кога е во прашање безбедноста, нашата цел е секој лет да биде пополнет до последното возможно место. Во минатото сме имале пракса за репатријација да плаќаат спрема државниот буџет. Граѓаните плаќаат даноци, да знаат дека државата во моментот на криза, кога има вакви ситуации, таа секогаш ќе работи на обезбедување најбезбедни услови за нив. Ние сме една од ретките држави која го прави ова на ваков начин, но сметаме дека системот колку и да има свои предизвици, секогаш, во вакви сложени моменти, мора на граѓанинот да му даде сигурност, да знаете, дека кога сте македонски државјани, институциите стојат позади вас, подвлече министерот






