Автобуси оставаат граѓани на улица поради немање гориво – граѓаните почнаа да ги чувствуваат калкулациите на бензинските
Граѓаните утринава почнаа да ги чувствуваат калкулациите кои компаниите кои работат со продажба на горива почнаа да ги прават воочи очекувањата на денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нивно поскапување.

Автобуси утринава оставале граѓани среде улица со образложение дека немаат гориво.
– Утринава се возев во бр.21, прво доцнеше многу, а потоа не остави во Влае со образложение дека нема гориво, кажа граѓанка за „Локално“, која се возела на дестинација Бардовци – Транспортен центар.
Извори од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за Локално велат дека не се запознаени со случаи каде нивни автобуси оставаат граѓани „среде улица“.
…






