Сметководителка сведочеше дека не сретна документи за соработка меѓу дискотеката „Пулс“ и агенцијата „Рубикон
Вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување Рубикон денеска на судењето за пожарот во Пулс сведочеше дека никогаш не сретнала некаков материјален документ дека помеѓу Пулс и Рубикон постола деловна соработка.

На прашање од обвинителот дали во материјалното работење некогаш изготвиле или виделе фактура која е со назнака за субјектот МММ Кафе ДООЕЛ односно за клубот Пулс, таа одговори негативно.
На прашањето дали може да посочи дека некогаш имало некаков материјален документ дека помеѓу Рубикон и Пулс постоела деловна соработка, исто така, одговори негативно.
Според нејзиното сведочење, таа кажа дека имале соработка со Рубикон од нивното основање 2022-2023 година.
-Кај нас му водиме сметководство, имаме поевтина работна сила во Прилеп, сме познаници со Јане, затоа дојде кај нас. Од основањето на Рубикон, 2022 или 2023 имаме соработка. На почеток Рубикон дури да добијат дозвола не беше активен, откако се активираа прво сами правеа фактури ни испраќаа, потоа ние ги правевме – сведочеше таа.
Одговарајќи на прашања од обвинителот, посочи дека ги ангажирал Јане Јанчевски, сопственикот на Рубикон, и дека до денот на настанот 16 март 2025, според нивните сознанија, таму имало околу 25-26 вработени.
– Пријавата и одјавата на вработени одеше преку нашето биро, имавме електронски пристап со известување на сопственикот или некој вработен, правевме пријава или одјава – рече таа.
На прашањето дали некогаш располагале со електронски токен за потребите на Рубикон, одговори не и потврди дека за обврските комуницирале со Јанчевски, а понекогаш и со Александар Нацев.
Сведокот одговори дека не го познава лицето Трајче Димишковски.
Претходно на денешното судење сведочеше сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани – озвучување, осветлување и сценски ефкети. Тој изјави дека година и половина пред трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема (бокс за далечинска активација) и прскалки на Панчо и член од ДНК.
Судењето продолжи со сведочење на Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година работел во Рубикон






