Адеми: Груби е невин додека не се докаже спротивното

Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, во изјава за „КохаКаст“ вели дека Артан Груби е невин додека не се докаже спротивното, нагласувајќи дека принципот на презумпција на невиност е еден од главните столбови на правниот систем.

„Не само Демократската унија за интеграција, туку и самиот правен поредок на земјата го смета за невин, бидејќи презумпцијата на невиност е еден од главните принципи не само во нашиот правосуден систем, туку и во сите современи системи, што значи дека секој се смета за невин сè додека не се докаже дека е виновен“, изјавил Адеми во „КохаКаст“.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, беше уапсен на Граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, по што беше спроведен на распит во Обвинителството. Потоа му беше одредена мерка домашен притвор.

Заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, Груби беше осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати

Back to top button
Close