Бескрупулозно,, очекувам дел од ЕУ членките да го осудат. Мицковски за црниот бугарски печат во пасошот на Менкиновски
Премиерот Мицкоски денеска изјави дека е запознает со 10 годишната забрана за влез во Бугарија на адвокатот Менкиновски и дека веќе телефонски разговарал со него.
Јавно го осудувам тоа, тоа е лоша порака и лоша порака за самата ЕУ, и очекувам дел од земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи нема да биде прв пат нашиот источен сосед да ги крши човековите права, тоа веќе го направи неколку пати до сега откако не ги примени пресудите од судот за човекови права во Стразбур. Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата. Не зборуваме за човек кој е криминалец, туку за зборуваме за чесен граѓанин, којшто единствен грев му е тоа затоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот за човекови права во Стразбур. Тоа е единствениот грев и заради тоа добива црн печат. Навистина, бескрупулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку Европската Унија не излезе со осуда на ваквото однесување.






